Полицијата вечерва повторно апси и врши претреси во Велес, дознава Пресс24.
Приведени се неколку лица кои според неофицијални информации биле дел од криминална група која се занимавала со шверц на дрога. Запленети се и над 100 килограми марихуана. Групата била организирана и поседувала посебен камион кој бил користен за шверцот.
Сеуште нема информација од надлежните, дали станува збор за Франкфурт мафијата или за друга криминална група од истиот град која со дрога ги снабдувала западно-европските пазари. Детали најавуваат за утре.