Сменети полициски командири на скопски станици


Четири полициски станици во Скопје од вчера имаат нови командири откако „старите“ бea сменети. Нов командир имаат ПС Центар, ПС Kарпош, ПС Аеродром и ПС Бит-пазар.

policijaПромени има и во заменичките места во повеќе полициски станици. Сменети се и помошниците на командирите на сите полициски станици во градот. Освен смените во полициските станици, има промени на првите луѓе во сообраќајната полиција.

За командир на станицата во Центар е именуван Игор Јаковлевски, во Карпош Роберт Петрушевски, а во Аеродром Орце Јовановски.

Промени има и во заменичките места во полициските станици Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром и Гази Баба, каде за нови помошници командири се поставени Нафи Абдула, Митре Цветановски, Блажо Јованов и Игор Ристов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1