Десетина лица се уапсени меѓу кои и членови на Управата за заштита на културното наследство во големата полициска акција која сеуште е во тек, објави Пресс24 повикувајќи се на полициски извори.
Полицијата прави обид да расчисти со мафијата која се занимава со нелегална трговија со културно- историското наследство. Апсења се спроведуваат низ повеќе градови во земјава.
Во домовите на приведените пронајдени се поголем број на артефакти и икони.
Официјална потврда од МВР сеуште нема.