Сонце и до 34 степени – можен дожд – прогноза за празниците


Во Македонија во среда ќе биде сончево и многу топло. Попладне наоблачување со можност за слаби локални врнежи од дожд во крајните западни и северозападните предели (можностите се многу мали, но мора да се напомене). Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 34°C. УВ индекс 8
400-04236079Во Скопје во среда ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 31°C.УВ индекс 8
Во четврток во Макеоднија ќе биде претежно сончево и топло. Попладне можност за локален дожд ќе има во западните, северозападните и југозападните предели. Ќе дува умерен ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 15°C, а максималните дневни температури од 24°C до 33°C. УВ индекс 7.
Во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 15°C, а максималните дневни ќе достигнат до 23°C односно до 32°C. УВ индекс 7.
Во Македонија во сабота ќе биде сончево и топло. Слаб јужен и јигоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 24°C до 33°C. УВ индекс 7.
weather4all.com.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1