Загребскиот жупаниски суд синоќа одреди 30-дневен притвор за 13 лица под сомнение дека со фиктивна продажба на злато испрале повеќе од 84 милиони евра.
Хрватската Канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека организатори на групата се таткото и синот Анте и Лука Гале.
Меѓу 13. обвинети на кои им е одреден притвор и на Антонио и Пејо Ивиќ, кои се во бегство. За нив хрватската јавност дозна во текот на неделата, по кражбата на два килограми злато и 280.000 евра од седиштето на загрепската криминалистичка полиција.
Заменик-директорот на УСКОК, Саша Манојловиќ изјави дека истражниот судија во целост го прифатил предлогот на Канцеларијата за одредувањње на притвор на осомничените поради опасноста од влијание на сведоците и повторување на криминалното дело.
На главните осомничени Анте и Лука Гале одбиена им е кауција, а одбраната најави жалба.
– Организаторите на групата од мај 2014 година во Хрватска и во Италија се поврзале со другите во групата со цел да се стекнат со незаконска добивка преку работење со повеќе фирми и внесување на пари стекнати на криминален начин во легални финансиски текови – се наведува во соопштението на УСКОК.
Обвинителството се сомнева дека осомничените основале фирма само за да наплатуваат сметки од фирми од Италија за стока која не ја испорачувале.