На граничниот премин аеродром „Александар Велики“ – Скопје на излез од Македонија 19-годишниот М.К. од Косово со француска лична карта сакал да патува за Хамбург – Германија. При контрола полицијата се посомневале во исправноста на француската лична карта, и откако ја провериле се докажало дека истата била фалсификувана.
Откако детално го провериле, утврдиле дека лицето остварилo влез во Македонија претходниот ден на граничниот премин „Долно Блаце“ со косовска лична карта.
Подоцна признал дека француската лична карта и возачка ги набавил од лице од Урошевац, Косово, за сума од 5.000 евра.
Лицето е приведено и предадено на полициски службеници во Гази Баба.