Апсење на скопски аеродром – запалил цигара во авион


Патник на летот Брисел-Скопје на авиокомпанијата „Визер“ пушел цигара во авионот, по што бил приведен од полицијата на Скопскиот аеродром, потврдија од МВР, пренесува СДК.

Патникот запалил цигара во тоалетот, а екипажот го пријавил случајот.

– „Беше побарана наша асистенција, бидејќи патникот Д.Ш. (22) не ги почитувал правилата за летање, односно пушел во авионот. Беше направен разговор со него. Во неговата изјава, лицето тврди дека не пушел, иако екипажот тврди спротивно. Се работи на расветлување на случајот“, велат од полицијата.

Инаку, казната за непочитување на оваа забрана за пушење е до 3.000 евра и апсење од локалната полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1