Почна да се расчистува сомнителното работење на старата власт во општина Охрид. Како што дознава Press24 од полициски извори, доцна попладнево уапсена е директорката на фирмата која стопанистуваше со паркинзите во општина Охрид.
Спроед првичните и неофицијални инфорамции до кои дојде Press24 директорката е уапсена поради узурпација на земјиште.
Пред два дена,актуелниот градоначлник на Охрид го раскина договорот со концесионерот за паркинзите по многубројните поплаки од охриѓани и од туристите за високите цени на услугите.
Претходно, повеќе медиуми објавија информации за високи суми кои претходниот градоначлник на Охрид Александар Петрески ги трошел на гориво, службени ручеци и телефонски сметки.
Од МВР само потврдуваат дека имало апсење во Охрид но не откриваат повеќе детали