Апсење за трговија со органи во Косово – уапсени турски државјанин и Албанка


Две лица се уапсени во Приштина поради трговија со човечки органи и нелегална трансплантација на органи, соопшти косовската полиција.

Уапсени се една Албанка и турски државјанин.

„Двајцата се осомничени за незаконска трговија со човечки органи и нелегална трансплантација. По налог на обвинител, против нив е поведена редовна процедура“, соопшти полицијата, без да наведе повеќе детали за случајот.

Настанот се случил во Приштина, додека осомничените се турски државјанин и Албанка од Албанија.
По налог на обвинителот осомничените биле ослободени во редовна постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1