Во соработка со колегите од Рударско геолошкиот нафтен факултет во Загреб, тим на археолози од Задар, недалеку од островот Силбе, спроведуваат хидроархеолошко истражување на римски бродолом од првото столетие.
Истражувањето започнало пред неколку дена и не е прво кое што е спроведено на тој локалитет. До сега се пронајдени голем број на амфори, како и делови од керамики.
„Сега работиме на римски бродолом, од римскиот период, во периодот приближно од средината на првото столетие, кој доаѓал од просторот од источниот Медитеран“, вели истражувачот од Археолошкиот музеј во Задар, Смилјан Глушчевиќ. Бродот бил натоварен со амфори кои биле произведени некаде во источниот Медитеран.
„Една од нив била Родоса, во која се пренесувало прочуеното родосово вино, кое било прочуено од најпозната римска амфора на западниот Медитеран во првото столетие. Имаме пронајдено уште голм број на уникатни предмети од претходните изведени кампањи. Беа пронајдени низа други предмети, цевки од бродовите, пумпи, бронзени садови и многу други предмети“, вели Глушчевиќ.
Специфичноста е тоа што на палубата на бродот имало товар од неформирани камења.
„Не знаеме за што всушност служеле ваквите камења. Но, во секој случај, ова е прв товар, на брод кој на палубата имал необработени камења. Според анализите кои ги направија колегите од Рударски геолошкиот нафтен факултет во Загреб, се работи за варовник кој би можел да биде пренесен од различни дестинации од Јадранското море, но и пошироко. Може да биле пренесени во близина на островот Силба, во близина каде што овој број во средината на првото столетие потонало“, објаснува Глушчевиќ. Истражувањето на овој локалитет ќе продолжи и во наредните неколку денови, а потоа продолжува во друг дел, отприлика стотина метри оддалечен од оваа локација.
„И овој пат станува збор за бродолом од средината или другата половина на 17 век, најверојатно станува збор за вооружен трговски брод, како оној од пред три години каде што пребарувавме само два дена, а пронајдовме интересен материјал“, нагалсил Глушчевиќ.