Најдобрите трикови кои што ги учиме од дикаторите


Историјата е преполна со зли диктатори, а без оглед на тоа што голем дел од популацијата ги осудува, од денешен аспект, научниците им оддаваат признание за нивниот начин на тоа како успевале да ги привлечат масите народ. Од Сталин до Милошевиќ: Применете ги овие фори како вистински злосторник за да успеете во животот.
Диктаторите манипулирале со народите во период кога волјата им била слаба, се ослободувале од блиските пријатели и држеле возбудливи говори кои ќе го убедат народот да биде подготвен на се.
Еве 7 работи (за некои добри за некои лоши), кои можеме да ги научиме од нив.

1. Фидел Кастро: Да ги натераме луѓето на одлуки кога нивната воља е премала

Ако работите додека сте уморни и не можете да размислувате трезвено, можете да донесете лоши одлуки. Квалитетен диктатор знае точно како ова да го искористи. Диктаторот на Куба, Фидел Кастро свикувал состанци во 4 часот наутро кога ги станува луѓето од кревет, за да уште во самиот старт се стекне со предност. Рускиот диктатор Сталин исто така ја користел оваа тактика, па дури и Винстон Черчил имал состаноци во доцните ноќи за да нацрта планови за напад на Германија.

Како да го примените ова:

Во двата случаи, идејата е да ги фатите вашите непријатели (или сојузници) кога немаат силна воља за да направат се што ќе посакате. Запаметете дека во ваква состојба секој може лесно вас да ве искористи, па кога можете избегнувајте состаноци со шефот во 4 наутро (или дадете си себеси време за да се расоните)

2. Славата на Сталин и големото злосторство комунизмот

Создал петгодишен план за лични цели. Сталин го популаризирал таканаречениот Петолеткa, економски план кој треба да ги исполни и реши одредени цели и проблеми, како индустријализацијата, намалувањето на невработеноста и генерално поголемите проблеми кои што го зафатија ваквиот систем на живеење.

Оригинално смислена во Советскиот Сојуз, ваквата идеја се користи денеска и во Кина, Куба, Пакистан, Виетнам и во многу други земји.

Како да го приментите ова:

Иако вашиот петгодишен план е многу помалку амбициозен од диктаторски, идејата и понатаму останува солидна. Правењето петгодишен финансиски план и каде се гледате вие за пет години? Е популарното прашање на интервјуата и отприлика треба да го имате одговорот во глава. За да сфатите што сакате и како да ги постигнете вашите цели ви пренесуваме идеја за вашиот петгодишен план.

Каква ќе ви биде вашата работа?, Какво ќе биде вашето семејство? Какво ќе изгледате? Како ќе изгледа вашиот дом? Како ќе изгледа вашиот типичен ден? На што ќе се радувате? Како ќе изгледа вашиот круг на пријатели? Ви советуваме да се обидете да напишете по 10 реченици за секое од овие прашања кој ќе опишат како ќе изгледа вашиот живот за пет години. Планирањето однапред е вистински начин да сфатите што сакате и како тоа да го добиете. Да си ги одредите приоритетите.

3. Фидел Кастро и Че Гевара – елиминација на непријателите

За да ја задржи својата моќ, диктаторот мора да се ослободи од сите видови на опасност. Ова значи дека мора да ги елиминира сите најблиски пријатели и советници кога премногу ќе ви се доближат и ќе ги почуствувате како закана која сака да ви ја одземе моќта.

Закана се оние кои што се борат за власт, како и оние блиските кои што сакаат да ви го одземат тронот. Готово секој диктатор ја користел оваа мерка, но Фидел Кастро и Алберто Фујиморо биле особено важни. Фујиморо го извел познатиот удар кога во 1992 година го затворил конгресот, го суспендирал Уставот и се ослободил од судот за да има целосна контрола.

Значи златното правило е „Одржувајте ја вашата коалиција да биде што помала“. Фидел Кастро по револуцијата на Куба, ги отпуштил 12 од 20-те свои министри. А еден од нив бил и револуционерот Че Гевара. Кастро го испратил во Боливија на мисија во 1967 година, а потоа му ја замрзнал сметката и го оставил да биде заробен таму затоа што во него гледал директна закана.

Како да го примените сето ова:

Ако некој ви го загрозува авторитетот, најлесно е да се ослободите од оваа личност. Бидете внимателни и држите ги на око сите оние кои целуваат на вашата позиција. Од друга страна, ако се искачите на скалата многу високо, морате да биде екстра внимателни кон личноста од која сакате да ја преземете функцијата. Така што можете да се обидете да се ослободите од истата, пред таа да ве нападне вас, но тоа си повлекува и свои ризици.

4. Ким Јонг Ли – Направете култ од себе си

Направате култ од личноста. Ова е добро познат диктаторски трик. Идејата е да се претставите себеси како најдобра можна опција. За да го направат ова, диктаторите имале смешни хобија, ги лепеле своите фотографии по целата земја, па дури имале и надимаци. Најдобар пример за тоа е севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ли, Врховниот лидер на Северна Кореја.

Неговиот култ на личноста дојде до точка каде што луѓето веруваа дека тој може да го контролира времето во зависност од тоа што тој ќе облече. Ова е честа пракса меќу диктаторите. Романскиот диктатор Николај Чаушеску себеси си даде надимај „Генијот од Карпатите“, Мусолини се направи себе си поголем со тоа што се фотографирал од одредени агли. Либискиот лидер Моамер Гадафи вработил женско обезбедување познато под името „Амазонска стража“, а диктаторот од Камбоџа Пол Пор ретко дозволувал да некој го фотографира.

Како да го примените ова:

Вашиот култ нема да може да биде толку интезивен како нивниот, но идејата да можете да го планирате својот изглед и да се вклопите во одредена слика е важна прилика при барањето на работа. Бесрамната само-промоција за време на интервју е лоша. Важно е да се одржи вашиот онлајн идентитет и имиџот да ви биде перфектен.

5. Хитлер – Незаборавни моќни говори

Држите директни моќни говори. Според многумина Адолф Хитлер е нацистички лидер, но и еден од најдобрите говорници во историјата на диктаторите. Голем дел за тоа е заслужен и тајмингот. Пред зајакнувањето на Хитлер, јавните говори биле работа на интелектуалците, со чести комплекси реченици. Настапот на Хитлер наспроти нив бил и возбудлив, емотивен и полн со слогани. Во книгата „Издигнувањето на Третиот Рајх“ од Ричард Еванс, авторот го опишува Хитлер на следниот начин.


Хитлер постигнал толку успех поради тоа што го зборувал тоа што публиката сакала да го слушне. Користел единствен, јасен јазик кој го разбирале голем број на обични луѓе. Кратки реченици, моќни емотивни слогани. Често говорите ги започнувал со низок тон, за да го привлече вниманието, а потоа постепено го повишувал.

Прво следи зарикнат глас, потоа пеење, а во финалниот момент со правеќе на посебни драматични гестови кои ја одржувале публиката во емотивен климакс. Не постоеле посебни личности на кои им се обраќал. Се било апсолутно бескомпромисно, неотповикливо, непроменливо, а тој зрачел со самодоверба, агресија и верувал во конечна победа на својата партија, дури и судбина.

Се разбира суштината на говорот на Хитлер била реториката. Иако содржината на говорот бил страшен и запрепастувачки, тој несмомнено бил добар во убедувањето на народот да се согласи со него, дури и во моменти кога отворено го нарекувал дека е глуп. Тој користел неколку трикови за да ја придобие публиката, а тоа се аргументи каде што преовладува страст, а не разум, црно бело сфаќање на пропагандата и се разбира повторувањето.

Како да го примените ова:

На некој начин говорите на Хитлер се слични со советите кои се даваат кога сакате некоја идеја да му ја всадите на некого во глава, само што Хитлер бил вистински мајстор за тоа. Хитлер бил опсесивен уредник на својот говор и постојано ги преуредувал за да можат сите да го разберат. Имајте го ова на ум кога држите презентација на работа, висок морал во канцеларијата по напорниот ден, па дури и кога сте во расправа со некој пријател. Упростете го говорот (а не да се трудите да звучите премногу паметно), уфрлите некоја емоција и ќе си ја имате публиката која ќе ви јаде од раце.

6. Јулие Цезар „Искуството не учи подобро и од книгите“

Учeте од искуството, не од книгите. Најсилните и најдолговечните диктатори ја применувале онаа изреката, „вежбите прават чуда“ и работеле се, со кое што можеле да стекнат искуство. Јулије Цезар на пример се борел на предните воени линии заедно со неговите војници, спиел во истите кревети како и нив и доста учел од нив.

Така и останала запаметена неговата реченица, „Искуството не учи на се“. Наполеон Бонапатра го правел истото кога се пробивал во Француската револуција (пред да стане диктатор).

Владимир Ленин бил доста читан човек, но голем дел од времето го минувал во вежбање на занат, пишувал памфлети и зборувал со луѓето. Отишол и чекор понапред и го користел своето потекло од село како изговор за тоа што не се туширал, но и на тој начин ги држел своите поданици под контрола.

Како да го примените ова:

Поентата е дека искуството е во значајна мера неопходно за која било работа, отколку прочитаните книги. Новите искуства се секогаш важни, а со праксата на крајот ќе бидете најдобар што можете. Како што сите знаеме, практичното искуство се повеќе се цени на пазарот на труд, отколку прочитаните книги.
Праксата во некоја фирма е повредна од оценката, затоа што тогаш имате искуство и сте подобар кандидат за вработување. Дури и личниот блог е подобар од нерелевантното искуство. Затоа, ако немате искуство, создадете го.

7. Слободан Милошевиќ

Создавате проблеми и веднаш ги решавате! Затоа што вие се разбира најдобриот во тоа. Овој трик е дело на Слободан Милошевиќ и на драго срце го има користено доста често! Единствен проблем е тоа што проблемите станаа преголеми, па луѓето се побунија по десетина години.

Како да го примените ова:

Потрудете се да направите паника. Да речеме за некоја одредена ситуација во друштво или пак на работа или било каде претставите нешто дека е страшно повеќе од тоа што всушност е. Самите предизвикајте криза која само вие можете да ја решите! Деструктивно е, но само вие ќе бидете главен! Така луѓето забораваат на другите проблеми!

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1