Пресуда: И на суд докажано – мобилните создаваат тумори


 

Италијанскиот Врховен суд пресуди дека постои причинска врска помеѓу употребата на мобилни телефони и тумори на мозокот. Оваа пресуда прва од ваков тип постави правен преседан кој би можел да предизвика налет н милиони тужби.

60 годишниот пензиониран бизнисмен, Марколини, пред италијанскиот суд ја тужел мобилната компанија тврдејќи дека прекумерната употреба на својот мобилен телефон за околу шест часа секој ден во период од 12 години предизвикал појава на бенигнен тумор на мозокот, кој го оставило пензионерот со делумно парализирано лице.

Италијанскиот суд пресуди во корист на бизнисменот, а со тоа и официјално признаа дека постои “причинска врска” меѓу мобилните телефони и развојот на туморот.

“Ова е значајно за многу луѓе. Сакав овој проблем да стане јавен, бидејќи многу луѓе сеуште не ги знаат ризиците”, вели Марколини за Кориере дела сера “. Јас секогаш сум бил на телефон најмалку пет или шест часа на ден, работев и постојано бев на телефон. Мобилниот секогаш беше притиснат на моето уво “.

Туморот на Марколини се наоѓа на тригеминалниот нерв, во близина каде што неговиот мобилен телефон ја допира главата. Иако туморот е не-канцероген, сепак постои ризик да се прошири на каротидната артерија и да го блокираа еден од главните крвни садови во мозокот.

Во неговиот случај, тој тврдеше дека електромагнетно зрачење од мобилните телефони ги оштетува клетките, со што е поголема веројатност да се создаде тумор.

Онколог и професор на животната средина Анџело Гино Леви, кој даде докази во текот на судска расправа во корист на пензионерот, рече дека пресудата е “исклучително важна”.

“Конечно корелација беше официјално призната помеѓу електромагнетни бранови и развојот на тумори и покрај анти пропаганда и истражувања финансирани од производители на мобилни телефони”, изјави Леви. Тој истакна дека во неколку студии односот меѓу употребата на мобилни телефони и зголемен ризик од тумор на мозокот е докажано.

Други експерти биле повнимателни во врска со случајот. Силвио Гаратини , директор на Институтот за Фармаколошки истражување вели дека во моментов нема конкретни докази со кои може без двоумење да се тврди дека има врска помеѓу тумори и употребата на мобилни телефони.
Во моментов Светската здравствена организација ги класифицира мобилните телефони како “канцерогени” и ги става во иста категорија како кафето и пестицидите.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1