По 37 години амнезија дознала која е и се вратила дома (Фото)


Сусан Маршал од Велика Британија во 1975 година доживеала несреќа во Африка. Половината од својот живот го минала, не знаејќи за себеси која е и од каде потекнува.

Во петокот се вратила во својот дом во Лондон.

Сусан со својот сопруг Сид, во 1970 година од Велика Британија се преселила во Јужна Африка. Тогаш започнала нејзината ноќна мора. Сид почнал да ја злоупотребува. Била далеку од своите родители, па за тоа на никого не кажувала.

По пет години, камион удрил во нивниот автомобил. Од јачината на ударот Сусан излетала од колата и се нашла на една фарма. Не знаела за своето име ниту од каде доаѓа.

На фармата останала цели 16 години, период во кој што му помагала на сопственикот на фармата. Нејзиниот маж се вратил во куќата со друга жена и на нејзиното семејство им рекол дека таа е мртва. Иако ја барале со години, немало никакви резултати. На крајот се помириле со фактот дека е мртва.


На нејзе немала никакви документи за време на несреќата освен неколку скинати парчиња хартија, па било невозможно да се дознае која е и од каде потекнува.

По 16 години работење на фармата Сусан се преселила во Јоханесбург.

Живеела во прифатилиште.

Пред неколку години почнале да и се враќаат сеќавања за Сид и нејзиното семејство. Неколкуте парчиња документи за кој не знаела од каде и се, ги споила и ги прочитала имињата на нејзините сестри.

Се присетила на нејзиното презиме и преку Facebook ги исконтактирала. Во петокот пристигнала во Лондон…

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1