Арифи и Бејта поднесоа оставки


Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и министерот за локална самоуправа Невзат Бејта поднесоа оставка на функцијата поради нивното учество на претстојните локални избори како кандидати на ДУИ за градоначалници на општините Тетово и Гостивар.

arifi bejta– Денеска поднесов оставка на функцијата заменик претседател на Владата задолжена за европски прашања и целосно ќе се посветам на изборната кампања која ќе се одвива во Тетово, рече Арифи.

Таа посака во наредниот период политичките фактори и државните институции максимално да се посветат на исполнување на поставените задачи од страна на ЕУ и со голема одговорност да донесат политички одлуки во корист на нашите граѓани.

Министерот Бејта, на ооделна прес-конференција, истакна дека мнозинството граѓани на Гостивар барале да биде кандидат за градоначалник.

– Волјата на граѓаните на Гостивар ја прифати партијата и ДУИ ме номинираше за кандидат за градоначалник на општина Гостивар. За да не се злоупотреби функцијата министер за локална самоуправа денеска давам оставка, рече Бејта.

Со ова, како што рече, ги почитува волјата на граѓаните и демократијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1