И покрај скандалот со зголеменото ниво на канцерогениот афлатоксин во голем дел од увозното млеко,особено од Србија и Хрватска, Армијата на Република Македонија како дел од оброкот на војниците кои одат на терен, им дели од српското млеко „Моја кравица“, за кое исто така беше објавено дека е со зголемено ниво на афлатоксин, пишува Бриф.
Војници од АРМ се обратија до нашата редакција со барање да се провери зошто тоа се прави, а ваквите информации ги потврдуваат и од Синдикатот на професионалните војници.
-Точно е дека се дели млеко „Моја кравица“, но на војниците им се кажува дека тоа не било од спорното млеко. Ова млеко што сега ни го делат е со рок на употреба до април.
Некои војници одбиваат да пијат од млекото затоа што гледаме во медиумите дека тоа е токсично. Има и други проблеми со храната. Имаше случаи кога ни беа делени и продукти со поминат рок- вели Веле Крбалески, претседател на Синдикатот на професионалните војници.
Војниците се чудат и зошто наместо да се форсираат македонските производи, АРМ набавува продукти од увоз, иако се знае дека кај нас има многу поквалитетни производи од тој тип. Покрај српското млеко, војниците јадат и косовски тортички и кекси, од извесна фирма Амо. Од Министерството за одбрана денеска не беа достапни за коментар.
Извор – Бриф.мк