Портпаролот на АРМ, Мирче Ѓоргоски, во изјава за порталот Либертас потврди дека завчера во вечерните часови на стражарско место во воениот објект Еребино починал 37-годишен професионален војник.
Починатиот војник е од околината на Тетово и ги имал сите неопходни редовни и вонредни лекарски прегледи, вели Ѓоргоски, кој уверува дека ни министерот ни началникот на Генералштабот немале намера да го сокријат несреќниот случај, но чекале резултати од обдукцијата.
-Истрагата утврди дека немало никакво насилство, а обдукцијата ќе покаже од што починал војникот на работното место, стражарница на Еребино- вели Ѓоргоски.