Убиен Косовецот кој сечеше глави во Сирија!?


Курдска телевизија, објави дека во борбите во Ситија е убиен косовскиот Албанец Лавдрим Мухаџери, кој претходно се приклучи на џихадистите на Исламската држава, а неговото тело е покажано на програмата на таа телевизија.

kosovec1 (1)Мухаџери (24) од Качаник, кој замина на џихад во Сирија и таму вршеше брутални злочини, на крајот на јули објави фотографии како држи едно сириско момче во подготовка со нож да му ја отсече главата, а потоа откинатата глава ја држи во рацете и позира пред камерите.

Мухаџери на 2-ри август во интервју за весникот „Дита“ од Тирана изјави дека не сторил ништо повеќе од тоа пто во текот на војната го правеле припадниците на ОВК.

Најпознатиот косовски припадник на озлогласената екстремистичка организација Исламска држава, во фокусот на медиумите беше и претходно во јуни, кога објави фотографија како го пали косовскиот пасош.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1