АРМ вели: Убиецот од Злетово ги поминал сите здравствени и психолошки тестови


Професионалниот војник Драган Манаилов кој е осомничен за тројното убиство во Злетово бил во редовен работен во Армијата на Република Македонија.

Од Генералштабот на АРМ го осудуваат чинот на нивниот припадник и соработуваат со полицијата за да се расветли тројното убиство. При вработувањето на војникот биле запазени сите процедури во однос на психолошката подготвеност и способност за вршење на должноста.

policijanokni5

Манаилов утрово со автоматска пушка најпрвин застрелал педесетгодишен жител на Злетово, кој бил вработен во Пазарниот инспекторат, а потоа отишол во куќата на родителите на неговата сопруга и ги застрелал и нив.

Веќе била поведена бракоразводна парница меѓу него и сопругата. Манилов за време на убиството бил на службена должност, а откако ги извршил убиствата избегал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1