Аромотерапија дома – свеќа од мандарина (Видео/Фото)


Дека од природното нема подобро веќе се знае. Наместо да фрлате пари за ароматични свеќи еве една прекрасна идеја. Романтична свеќа која целиот ваш дом ќе го исполни со прекрасен мирис. Мирисот од МАНДАРИНАТА е одлична аромотерапија за сетилата.

Се што ви треба е мандарина, нож, маслиново масло, запалка.

Расечете ја кората на мандарината на половина и излупете ја внимателно секоја половина така што ќе го отстраните местото од внатрешноста а ќе ви останат двете половини од кората во форма на сад.

ВНИМАВАЈТЕ на едната страна мора да ви остане оној меснат дел кој го има по средината на мандарината – тоа ви е фитилот, без тоа нема да гори свеќата. Во делот со фитилот сипете маслиново масло и запалете го фитилот. Покријте со вториот дел на кој сте направиле мал отвор во форма на ѕвезда.

Тоа е се – уживајте во природниот мирис на мандарината.

Погледнете ја фото галеријата или видеото за точни инструкции ПОДОЛУ.

За што е добра мандарината

Смирувачки својства – мандарината содржи мала количина на N-metilantranilat и има силни смирувачки својства. Намалува непријатност, особено за хиперактивни деца. Маслото е погодно и за мали деца, па дури и бебиња. Помага при несоница, стрес и депресија.

за несоница, доволно е спреј или свеќа од мандарина во вашата спална соба или собата на вашето дете.
Во стресни ситуации едноставно ставете 1-2 капки од мандарина на пулсните точки на главата и зглобовите (чисти етерични масла, без додавање на растително масло). Една капка може да се стави и на вратот, и да се вдишува.

Дигестивен тоник – Црвената мандарина е одличен дигестивен тоник. Помага при бавно варење, и ја нормализира столицата.

дерматологија – маслото од мандарина може слободно да се нанесува на кожата и пред изложување на сонце.

Етерични масла од мандарина се голем плус за спречување на стрии во текот на бременоста. Помалку е познато да се користи за нега на мрсна кожа, регулира лачење на себум . ја ревитализира кожата со проширени и затнати пори.

Се користи:
– Несоница, анксиозност, депресија, срцеви треперење (благ седатив и хипнотички)
– Да се ослободите од грчеви
– Го поттикнува варењето
– При тешко дишење
– За дебелината и целулитот
– Нега на кожата: акни, мрсна кожа, лузни
– Ако имате висок крвен притисок
– Како антисептик

Taa е антисептик, antispasmodic, cholagogue, дигестивeн, диуретик и седатив. Нејзиниoт освежувачки мирис се користи за елиминирање на депресија и анксиозност. долго време се користи за бебиња кои страдаат од грчеви и hiccups.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1