Големата новинска агенција Асошиејтед прес денеска мета на хакери – успеале да влезат на нивниот твитер налог и да постираат лажни вести кои потоа ги презеле речиси сите светски медиуми. Никој не се посомневал дека станува збор за лажни вести бидејќи угледот на АП е голем кај медиумските куќи.
На нивниот твитер се постирала вест дека е имало 2 експлозии во белата куќа и дека е повреден претседателот Барак Обама. Ова се фотографии од твитовите. АП и официјално се обрати до своите корисници да ги занемарат сите вести постирани во последните 30 минути. Потоа тие успеале да ја блокираат страната но се уште не ја повратиле.