Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова поднесе оставка од функцијата пратеник. Како што дозна Телеграф, Софијанова вчера ја поднела оставката до собраниските служби.
– Дадов оставка но и понатаму ќе продолжам да работам во интерес на децата и населението, ќе останам со народот кој ме гласал и ќе им помагам на сите од позицијата лекар.
Местото на Аспазија во Собранието ќе го заземе Јасмина Дамчевска.