Астероид во форма на човечки череп вчера помина покрај Земјата


Астероид во форма на череп помина вчера на околу 500 илјади километри од Земјата, соопшти американската вселенска агенција НАСА.asteroid

Небесното тело помина покрај Земјата вчера во 18:01 часот на оддалеченост, која е поголема од тоа меѓу планетата и Месечината. Астероидот не претставуваше закана за Земјата.

Астероидот со дијаметар од 600 метри веројатно е мртва комета. Научниците говореа за „огромна тиква“, која ќе помине покрај Земјата за време на Хеловин, но со приближувањето на небесното тело тоа се повеќе наликуваше на човечки череп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1