Астролог предвиде: Русија е новиот светски лидер!


Рускиот астролог Павел Глоба, познат е по точните прогнози, па така уште во 2009 година, го најави она што сега се случува во Украина, но и во целиот свет

На почетокот на годината, Глоба прогнозираше дека „Третата светска војна ќе започне во 2014 година. Тоа ќе се случи или среде одржувањето на Зимските олимписки игри во Сочи, или веднаш по нивното завршување. Мораме да бидеме подготвени“.

pavel globaИнаку тој, прв пат ги објави своите претскажувања на почетокот на 80-тите години на минатиот век кога најави дека  „СССР ќе се распадне летото 1991 година, а на улиците на Москва ќе има тенкови.“ Според неговите зборови, околу 85% од предвидувањата се исполниле, па и  тоа дека Украина ќе се распадне во текот на 2014 година. Тоа е она што токму сега се случува, а глобализацијата на проблемите и крвавите судири во Украина започнаа токму во текот на олимпијадата во Сочи.

Тој рече дека „Кризата нема да ја преживее Украина, која ја чека распад на три дела. Распадот ќе се случи во 2014 година. Во Украина ќе постојат две де факто независни администрации, задржувајќи го формалниот интегритет на територијата, приближно во ист формат како денес во Молдавија. Источноукраинската федерација нема да го слуша Киев, и де факто ќе постане дел од Руското царство, Крим ќе стане украинска Чеченија“.

Економската криза, која ќе продолжи до 2020 година, на крајот ќе ја прекрои геополитичката карта на светот и од корен ќе ја смени геополитичката распределба на силата. САД ги чекаат тешки времиња, а Украина и ЕУ ќе престанат да постојат. Во 2009 година тој нагласи дека претседателот на САД го очекува незавидна судбина која ја претскажал уште средновековниот руски астролог Василие Немчин. „Уште во 1999 година говорев дека светот ќе се соочи со невидена криза,  која ќе започне по доаѓањето на 44-тиот претседател на САД.“ секако, 44-тиот претседател на САД е Барак Обама.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1