Атанасовски: Операторот треба да ги оддели активните од завршените ПИМ


Директорот на УБК, Владимир Атанасовски, изјави дека „се трасираат чекорите целата постапка да заврши без ризик за безбедноста на државата“.atanasovski-direktor-ubk

„Ќе постапуваме по судската наредба, но таа треба да биде во согласност со позитивните законски прописи. Тоа значи да немаме прекин во спроведувањето на посебните истражни мерки (ПИМ). Судската наредба се однесува на завршени ПИМ, а во посочениот период има и други ПИМ кои се уште се активни. Операторот треба да ги оддели активните од завршените ПИМ. Договорено е со претставникот од операторот да испратат нивни експерти и во наредниот период тој проблем да се надмине“, рече Атанасовски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1