Нова наредба од Судот и признание дека Катица Јанева вчера ја утнала работата


Утринава од Судот е издадена нова наредба до „Ериксон телекомуникации“ да овозможат пристап до нивната опрема и да ги обезбедат податоците кои ги бара СЈО.katica-i-lence

Со ова практично и судијата што ја издаде вчерашната наредба и Катица Јанева јавно признаваат дека само правеле политички театар непознавајќи ја фактичката состојба, без воопшто да се подготват за предметот.

Портпаролката Ленче Ристоска одговарајќи на новинарски прашања рече дека знаеле оти опремата не е во сопственост МВР и УБК, со што јавно призна.

-Ние знаеме дека дел од овие системи не се во сопственост на МВР и се во сопственост на телеком провајдерите, односно телекомуникациските оператори, рече Ристоска.

Неофицијално, дознаваме дека утринава од страна на „Ериксон Скопје“ било одговорено дека нивните локални инженери немаат капацитет да одговорат на барањето и дека е пожелно да се почека експерт од Шведска, кој би можел да им излезе во пресрет без да направи штета на целиот систем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1