Нови истраги на СЈО – „Топ лик“ и „Тендери“


Првоосомничена, во истрагата на СЈО насловена „Тендери“, е раководно службено лице од Министерството за култура. Покрај неа, осомничени се и тројца членови на комисијата за јавни набавка при тоа Министерство. Набавките се вршени во корист на правно лице од Штип. Комисијата фаворизирала извршување градежни работи за Музеј на ВМРО. Против дел од осомничените од Судот ќе бидат побарани мерки за обезбедување присуство.katica janeva 555

Според СЈО, од 14.6.2011 до 3.11.2013 година во Скопје, првоосомничената од Министерство за култура и три лица од Комисијата за јавни набавки, направиле корист за ГТД Бетон од Штип, односно ја фаворизирале за градежни работи за потребите на Музејот на ВМРО.

Постои сомнение, велат од СЈО, дека пред да имало оглас и тој да се спроведе, спротивно на Законот за јабавки, првоосомничената донесувала одлука кој да добие на тендерот.

Сите се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, а против дел од осомничените ќе се бара нивно присуство во текот на постапката.

„Топ лик“.

Милион и 44.000 евра се проневерени при злоупотреба на службена положба од раководно лице и уште петмина од Министерството за транспорт и врски поврзано со дејствија со Сончев град, соопшти денеска СЈО. Првоосомничениот склучил договор со правното лице Сан сити ДОО Скопје. Осомничени се и 5 лица членови на комисијата за јавни наддавања за злоупотреба на службената положба. Комисијата за јавни надавања утврдила дека немало услови за наддавање при продажба на земјиштето на Водно за проектот „Сончев град“. За тоа го известиле и првоосомничениот, кој пак ја сменил комисијата. Ден по формирањето на новата комисија на 4.4.2007 година, иако знаеле дека немало услови за јавно наддавање, постапиле спротивно на Закон и со согласност од првоосомничениот направиле оглас за земјиштето што било во државна сопственост.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1