Атина изненадена од македонскиот предлог


Слетувањето на скопскиот аеродром по пауза од 12 години, шеширот на Коѕијас, но и различните позиции на Скопје и Атина во преговорите, се дел од точките на кои грчките медиуми го ставаат акцентот во текстовите за вчерашното пристигнување на министерот за надворешни работи на Грција, на скопскиот аеродром.

Освен делегација од грчкото МНР, со Коѕијас во Скопје пристигнаа и новинари од различни грчки медиуми. 

– Климата во пресрет на разговорите би рекол дека е чудна. Постапката на скопската страна оддеднаш да прати текст со забелешки, на два дена пред средбата, предизвика загриженост во Атина, затоа што тоа не беше предвидено од процесот за кој се договорија двајцата премиери во Давос.

-Се покажа дека во двата текста од Атина и Скопје, постојат важни разлики, а главниот „трн“ е Уставот. Грција смета дека по секоја цена треба да има уставна ревизија и да се смени уставното име затоа што само така ќе важи ерга омнес. Скопјаните, пак сакаат двојна формула, рече новинарката на ТВ Антена.

„И двајцата министри сакаат да најдат решение, но не е лесно. Дознаваме дека 20 страници е грчкиот предлог, пет страници се скопските одговори. Се согласуваат само за името, а Горна Македонија е предлогот што преовладува. Не се согласуваат за Уставот, за идентитетот“, јави новинарката на грчката телевизија Стар, во директното вклучување од скопскиот аеродром.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текст под наслов „Историско слетување на Коѕијас на аеродромот во Скопје“, пишува дека министерот за надворешни работи на Грција, бил топло пречек особено од македонските телевизиите од ПЈРМ на снежниот аеродром во Скопје.

Грчките новинари коментираат дека денешниот ден е особено важен, бидејќи по маратонските средби во Скопје ќе се разјасни дали има поклопување на позициите на двете земји во пресрет на состанокот со медијаторот Нимиц во Виена, следниот петок.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1