Атинскиот градоначалник утре во посета на Скопје


На покана на неговиот скопски колега, Петре Шилегов, атинскиот градоначалник, Јоргос Каминис, утре ќе го посети Скопје за да присуствува на дел од настаните што се организираат во рамки на одбележувањето на 55 – годишнината од скопскиот земјотрес во Скопје.

– Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, утре, петок 22 јуни ќе биде во Скопје, по покана на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за да присуствува на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година и одлучувачкиот придонес и на грчки научници и експерти во повторната изградба на градот, соопштија од кабинетот на Каминис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1