Аца Лукас преживеал драма: Врескавме и го молевме Бога за помош


Српскиот турбофолекр Аца Лукас со сопругата Соња и нивната ќерка Викторија преживеале вистинска драма во четвртокот кога се враќале од Дизелдорф во Белград.

Иако планирале да патуваат во петокот наутро, Соња во последен момент ги заменила картите за ден порано за да стигнат на време за роденденот на нивна пријателка.

lukas_1414313569_670x0

– Летото со авионот „Ер Берлин 5754“ на 23 октомври делуваше сосема вообичаено. Полетавме во 21.05 часот, а слетувањето во Белград беше планирано во 23.20 часот. Меѓутоа се во еден момент се се претвори во хорор филм. Помислив дека ќе загинеме. Цел час летавме во агонија и не знаевме дали ќе преживеме. Авионот некаде на половина лет го зафати силно невреме и започнаа турбуленции какви што немам доживеано во животот, а сум летал многу пати со авион и тоа кога имало и лошо време. Го зграбив своето дете и силно го гушнав бидејќи мислев дека ќе се срушиме на земја. Мојата сопруга пребледе. Стјуардесите се превртуваа помеѓу седиштата, луѓето врескаа, се крстеа и се молеа на Бог, не можев да поверувам што ни се случува – раскажал Лукас за српските медиуми.

Пејачот додал дека владеела општа паника и никој не можел да предвиди ниту да им гарантира на патниците дека ќе се приземјат. Сепак по еден час пилотот успеал да се избори со неверојатниот ветер и на крај слетале безбедно на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1