Да не беа Македонците, Италијанците ќе немаа вино да се напијат


Ако не беа Македонците, жителите на Пиедмонт ќе немаа вино да се напијат, вели Карло Петрини, основач и претседател на меѓународната мрежа за традиционална храна „Слоу фуд“.

Пиедмонт е познат вински регион во северна Италија, а македонските работници, како што нагласува Петрини, се многу ценети и барани од италијанските газди, пренесува А1Он.

grozdober grozje2

Се смета дека во потрага по заработувачка и посигурно финансиско утре, на плантажите во Пиедмонт, на сеознска работа од два до три месеци секоја година доаѓаат преку 100.000 Македонци.

На оваа тема и воопшто за учеството на странците и емигрантите во земјоделството во Италија, ќе се дискутира на денешната конференција „Направено во Италија, но не од Италијанци“ која се одржува во рамки на саемот „Салон дел густо“ во Торино. Освен Петрини, ќе зборува и Ивана Илиева од Заедницата на Македонците во Монфорте.

– Во Канели секоја година пред гроздоберот, доаѓаат околу 5.000 Македонци или по шест автобуси на викенд. Гратчето брои 17 македонски кооперативи. Најголем дел од вработените во нив се Македонци, повеќе од 95 проценти, но има и Бугари и Романци, информира Илиева.

Според неа, само во Канели, преку кооперативите може да работат 2.000 луѓе.

karlo petrini

На „Салон дел густо“ изминатите денови се одржаа повеќе од 80 работилници, дебати, презентации, обуки, предавања за вкусовите, за разликите меѓу природната, бавно подготвена и брзата храна.

Саемот, со преку 900 изложувачи од целиот свет, почна во четвртокот, на 23 октомври, а завршува попладнево. Посетителите, освен храна, имаа можност да дегустираат и разни пијалаци, специфични за поднебјето од каде што доаѓаат производителите. Уживаа и во посебнатта Соба за пиво која понуди белгиски, шпански, британски, германски, скандинавски и новозеландски пива.

Посебен дел беше посветен на т.н. Арка на вкусови каде што се раскажуваа индивидуални приказни за потеклото, начинот, квалитетот и за приготвувањето на прехранбените производи, нивното влијание врз културата, историјата, обичаите, навиките, менталитетот.

grozdober grozje

Новина беше Школата за готвење на која директно се приготвуваа и дегустираа јадења од разни земји и култури.

Атракција претставуваше гостувањето на познатиот ТВ готвач и активист за храна Џејми Оливер кој специјално дојде за конференциите на тема „Нужни промени и вклучување на младите во системот на исхрана“.

Истовремено со „Салон дел густо“ се одржуваше и 5. конференција „Тера Мадре“. Организатори на овие две врвни и единствени настани од областа на земјоделството и прехранбената индустрија во светски рамки е „Слоу фуд“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1