Авион итно евакуиран – порака за бомба направи хаос во Турција


Авион на турската компанија „Туркиш ерлајнс“ евакуиран е денеска пред полетување од Истанбул кон канадскиот град Торонто, откако во еден од тоалетите на леталото била пронајдена сомнителна порака.avion-britis-ervejza-1477472693-1020861

Екипажот на авионот на летот ТК-17 пронашол порака „Бомба за Торонто“, напишана со големи букви на ѕидот од тоалетот.

Авионот бил веднаш вратен на делот од аеродромот предвиден за паркирање и потоа е евакуиран.

Авиокомпанијата наведе дека моментно се вршат безбедносни процедури во леталото и проверка на патниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1