Авион на „Ер Србија“ принудно слетал


Авион на „Ер Србија“ кој утрово полетал од Белград за Бања Лука, е вратен на белградскиот аеродром поради дефект.

Портпаролката на компанијата Маја Гедошев изјавила дека пилотот 20 минути по полетувањето проценил дека тоа е најбезбедно за патниците.

air srbija

Таа ги демантираше написите во одделни медиуми дека се запалил еден мотор и категорично изјави оти ништо во авионот, ниту на него не се запалило и оти немало никаков пожар.

– Станува збор за технички дефект, а тоа што противпожарно возило стоеше пред авионот, кога слета, е стандардна процедура на аеродромите, во такви случаи, прецизира Гедошев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1