ФОТО: Саудиска Арабија ќе гради “Берлински ѕид” за да се заштити од ИСИС


Саудискиот крал Абдулах бин Абдулазиз ал Сауд планира да крене “Берлински ѕид” кон Ирак, каде што џихадистите на ИСИС минатата година два пати ги нападнале неговите војници. Ограда од жица и ровови, со стражарски кули, долга околу 1.000 километри, би требало да го заштити кралството богато со нафта.

Оградата од жица и ровови, со стражарски кули, би требало да го заштитат кралството богато со нафта од џихадистите на Исламската држава.

saudiska-arabija-ograda-isis-01-630x437

Повеќе-слојната бариера ќе се простира од саудиските граници од Јордан до Кувајт, а во нејзиниот состав ќе има 78 контролни кули, осум командни центри, 10 возила за надзор и 32 центри за брза реакција во критични ситуации. Бариерата ќе се состои од ровови, две огради и патролен пат, кој ќе ги поврзува стражарските кули и командните центри. На оградите ќе бидат поставени софистицирани камери и радари, кои ќе можат да откријат човек на оддалеченост од речиси 20 километри, а возило на 40 километри.

saudiska-arabija-ograda-isis-03-630x473

ИСИС ја смета Саудиска Арабија за предавник на исламот, затоа што е поврзана со Западот, поради што таа терористичка организација ги повикала “осамените волци” да ја напаѓаат саудиската погранична полиција, шиитските малцинства и странците. Ширењето на ИСИС би можело да означи крај на саудискиот режим, кој џихадистите го сметаат за корумпиран.

Главната цел на ИСИС е да ја заземе Саудиска Арабија, местото на раѓање на исламот и домот на две свети места – Мека и Медина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1