Авионот кој сообраќал на релација Рим-Скопје, на пладне принудно слетал на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана. Причина за тоа е технички дефект на леталото, што е регистриран при летот, пренесе МИА.
Како што јави тиранската телевизија Топ-чанел, 120-те патници на аеродромот останале околу два часа, до кога дефектот бил остранет.
Поголем број од патниците биле печалбари кои доаѓале во родниот крај за летните одмори.