Авион од Рим за Скопје принудно слетал во Тирана


avion_neАвионот кој сообраќал на релација Рим-Скопје, на пладне  принудно слетал на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана. Причина за тоа е технички дефект на леталото, што е регистриран при летот, пренесе МИА.

Како што јави тиранската телевизија Топ-чанел,  120-те патници на аеродромот останале околу два часа, до кога дефектот бил остранет.

Поголем број од патниците биле печалбари кои доаѓале во родниот крај за летните одмори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1