Авион полн со 1,5 тони злато запленет во Истанбул


Авионот „Ербас А300“, летал од Гана до Дубаи, но имал проблеми со горивото и привремено слетал на аеродромот „Ататурк“.

gold_prices_dip_near_1150-400x300Турските власти утврдиле дека авионот на турската компанија ULS превезувал 1,5 тон златни прачки, а немал уредна документација. Авионот е веднаш приземјен, а товарот запечатен.

Се претпоставува дека златните прачки, Гана му ги праќа на Иран, кој е под меѓународни санкции поради нуклеарната програма, и дека авионот затоа летал преку Дубаи.

Бројни полициски единици се рапоредени околу авионот, бидејќи властите стравуваат дека можно е да има обид за кражба или за полетување на авионот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1