Албанската полиција соопшти дека уапсила еден Италијанец, за кој се сомнева дека е шверцер на дрога, откако неговиот мал авион се урнал на планината Дивјак
Министерството за внатрешни работи на Албанија информираше дека се пронајдени 460 килограми канабис во автомобилот кој бил неколку метри од авионот.
Авионот од типот „Пајпер“ бил пронајден со оштетена елиса и со дупната гума, а полетал еден час порано од меѓународниот аеродром во Тирана.
Полицијата уапсила и еден Албанец, кој се обидел да побегне со 27.000 евра.