Авион полн со дрога падна во Албанија


Албанската полиција соопшти дека уапсила еден Италијанец, за кој се сомнева дека е шверцер на дрога, откако неговиот мал авион се урнал на планината Дивјак

avion droga albanijaМинистерството за внатрешни работи на Албанија информираше дека  се пронајдени 460 килограми канабис во автомобилот кој бил неколку метри од авионот.

Авионот од типот „Пајпер“ бил пронајден со оштетена елиса и со дупната гума, а полетал еден час порано од меѓународниот аеродром во Тирана.

Полицијата уапсила и еден Албанец, кој се обидел да побегне со 27.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1