Авион на американската компанија „Ју Ес ервејз“, со 129 патници, на летот од Тел Авив до Филаделфија, вчера принудно слетал во Рим, бидејќи двајца патници и 11 члена на екипажот одеднаш се разболеле.
Претставниците на аеродромот „Леонардо да Винчи“ во Рим објавиле дека патниците и членовите на екипажот што се пожалиле на гадење и иритација на грлото и очите биле прегледани во службата за прва помош на аеродромот, но по давањето медицинска помош им било дозволено да го продолжат своето патување на други летови.
Причината за симптомите сè уште не е утврдена, во тек истрага за потеклото на чудната непријатна миризба што била почувствувана на летот А330, како и на неколку други летови.