ОД ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ ПУКАНО КОН БЕНЗИСКА ВО ЧЕГРАНЕ – Оштетени стакла, повредени нема


На 06.12.2014 година околу 05.00 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, од страна на непознато лице, кое било во возилото во движење, испукани биле неколку куршуми од пиштолска муниција кал. 9 мм во правец на бензинската пумпа „Вардар Петрол“ сопственост на Ш.И. (53) од с.Форино, гостиварско, при што оштетени биле изложното стакло од продажната просторија, стаклата на фрижидер, рам од алуминиумски излог од пицеријата „Вардар“ и фрижидер за ладење на сокови сместен внатре во пицеријата.

policija-skopje1-540x320

Увид на лице место извршила увидна екипа од НККР-Гостивар, при што на лице место биле пронајдени и подигнати девет чаури од пиштолска муниција кал. 9 мм и два проектила од пиштолска муниција. Причинета е материјална штета од околу 60.000 денари. За време на настанот во бензинската пумпа и околните објекти немало лица, а бензинската пумпа не работела. ПС-Гостивар презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1