Авион слета на автопат


Мал туристички авион, во кој се наоѓале пилотот и двајца патници, поради технички проблеми, слета на автопат во близина на француското место Брињолм, без притоа да предизвика несреќа и жртви. патниците кои околу 9 часот и 30 минути се движеле на овој автопат во насока кон Италија, биле изненадени кога виделе мал син елисен авион како атерира на сообраќајницата.avion-avtopat

Тој слетал на место каде лентата за запирање е доволно широка и успел да се паркира настрана, иако едно од крилата на авионот досегнувало до десната коловозна лента.

Пожарникарите, кои беа известени дека авион што имал технички проблеми се спуштил на автопатот, за брзо време го отсраниле леталото, благодарејќи на еден хеликоптерот за гаснење пожари, кој летал во близина.

Авионот е пренесен на посигурно место, за да се избегне евентуална несреќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1