На аеродромот „Александар Велики“ добиле известување од „Виз ер“ дека патниците ќе дојдат во Скопје преку Верона во 11:10 часот, но дел од патниците јавиле дека се уште се на аеродромот во Милано
Околу 170 патници, меѓу кои и деца, останале заглавени на аеродромот во Милано откако утрово бил откажан летот со кој требало да пристинат во Скопје. Авионот, кој требало да полета во 8:40 часот, останал на пистата поради лошото време и снежните наноси.
На аеродромот „Александар Велики“ добиле известување од „Виз ер“ дека патниците ќе дојдат во Скопје преку Верона во 11:10 часот, но дел од патниците јавиле дека се уште се на аеродромот во Милано
На дел од патниците им била понудена можност да се вратат со автобус, но понудата важела само за тие што патувале преку туристички агенции. Останатите патници биле оставени да се снаоѓаат сами со тоа што ќе им се рефундираат дел од парите за билетот или да се вратат преку Тревизо со редовните линии во среда и во петок
Прес 24