Злонамерна апликација која ги привлекува корисниците со тврдењето дека можат да ја променат бојата на „Facebook“, со голема брзина се шири на социјалните мрежи.
На профилот на корисниците се појавува фотографија на која многу често се „тагнати“ и самите корисници со пораката: „I Got The New Black Facebook“, „I Just Got Facebook Black“, „Change Facebook to Black“, „Change Your FB Color“, и слични такви лаги.
На наведените пораки не е препорачливо да се кликне, бидејќи на „Facebook“ не е можно да се измени бојата, а исто така се нудат и најразлични анкети кои не се препорачливи за „здравјето“ на вашиот компјутер, пишува „Rep.hr“.
Извор- Точка










