Комисија на полската Влада соопшти дека авионот, што пред седум години се урна и го уби полскиот претседател и уште 95 патници, најверојатно се распаднал во воздух кога дошло до детонација на експлозив.
„Многу нешта укажуваат дека дошло до експлозија на летот, на 10 април 2010 година. Врз основа на резултатот можеме ка кажеме дека причина за експлозија е термобарично полнење на експлозивна направа“, се наведува во соопштението на Комисијата, пренесуваат британските меидуми.
Новата комисија вчера ги претстави прелиминарните резултати на седумгодишнината од катастрофата во западна Русија во која загинаа полскиот претседател Лех Качински со сопругата, и уште 95 лица,од кои повеќето беа политичари.
Новата комисија, која ја состави полскиот министер за одбрана, Антони Мачеревич, кажа дека авионот експлодирал и се распаднал на неколку минути пред слетувањето.
Во претходните наводи, како виновник за падот на авионот беа посочени руските контролори на летот, кои наводно намерно му давале погрешни упатства на пилотот.
Претходната комисија, за падот го обвини полскиот пилот и руските контролори на летот, додека руските известители вината ја префрлаа на Полјаците.
Истрагата првично навестуваше дека за несреќата придонело тоа што едно од крилата на авионот удрило во дрво во близина на пистата.
Француските медиуми наведуваат дека новите истражувачи своите нови заклучоци ги темелеле на анализата на разговорот меѓу пилотот на авионот и руските контролори за воздушен сообраќај.