Авионот кој Кристијано Роналдо го купи за 15 милиони фунти пред една година, се урна на аеродромот Ел Прат во Барселона при допирот со пистата на слетување. Пилотот е лесно повреден, Роналдо не бил во авионот – пишува Мирор.
– Авионот се издава на компании и овој пат беше така. Роналдо, неговото семејство или пријатели не беа во авионот. Несреќата нема последици – изјави извор за спортското издание на Мирор.
Инаку Роналдо со своите соиграчи е во Германија каде се подготвува за натпреварот со Борусија Дортмунд.
Тој е пред потпишување на нов договор со Реал Мадрид, па веројатно нема да има проблем да ја плати поправката на авионот, по незгодата која се случила во понеделникот вечерта…