Авионот на Кристијано Роналдо се урна при слетување во Барселона


Авионот кој Кристијано Роналдо го купи за 15 милиони фунти пред една година, се урна на аеродромот Ел Прат во Барселона при допирот со пистата на слетување. Пилотот е лесно повреден, Роналдо не бил во авионот – пишува Мирор.ronaldo

– Авионот се издава на компании и овој пат беше така. Роналдо, неговото семејство или пријатели не беа во авионот. Несреќата нема последици – изјави извор за спортското издание на Мирор.

Инаку Роналдо со своите соиграчи е во Германија каде се подготвува за натпреварот со Борусија Дортмунд.

Тој е пред потпишување на нов договор со Реал Мадрид, па веројатно нема да има проблем да ја плати поправката на авионот, по незгодата која се случила во понеделникот вечерта…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1