Авионот на „Туркиш ерлајнс“ слета во Истанбул, претседателот Иванов остана во Скопје


Авионот на „Туркиш ерлајнс” кој поради пронајден електричен уред во багаж на еден од патниците вчера беше привремено на аеродромот „Александар Велики” во Скопје. По извршените безбедносни проверки авионот синоќа во 22,56 часот полета за Истанбул, откако претходно било утврдено дека не станувало збор за експлозивна направа, туку за мобилен телефон.aerodrom-departures-mk

Во авионот требаше да патува и делегација предводена од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во која е и министерот Бил Павлески. Од кабинетот на шефот на државата велат дека поради безбедносните процедури, претседателот Иванов и членовите на делегацијата не отпатуваа за Истанбул од каде требаше да заминат за Мадагаскар на Самит на франкофонијата.

Авионот на „Туркиш ерлајнс“ требаше да полета во 20,40 часот. Согласно авиопроцедурите авионот морало да биде дополнително проверен, по што е издадена дозвола за негово полетување и тој замина за Истанбул.

Од ТАВ повеќе детали за настанот најавуваат за денеска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1