Вчера околу 18:30 часот во сопствената куќа во охридското село Лескоец е најден починат 66 годишниот П.В., кој бил државјанин на Македонија и Австралија.
– Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавно обвинителство и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција – стои во соопштението.