Австрија воведува забрана за движење за невакцинирани против Ковид-19


Владата на Австрија воведе забрана за движење на невакцинираните против ковид-19, што стапува на сила од денеска.

На сите невакцинирани граѓани постари од 12 години им се забранува да ги напуштаат домовите во следните 10 дена, освен за основни активности, одење на работа, во продавница, на прошетка, или на вакцинирање.

Според австриската Влада мерката е донесена со цел да се намали бројот на смртни случаи и да се спречи преоптоварување на болниците.

Канцеларот Александер Шаленберг изјави дека одлуката за „заклучување“ на невакцинираните граѓани е донесена бидејќи работата на Владата е да ги заштити граѓаните.

Забраната ќе ги погоди околу два милиони од 8,9 милиони Австријци. Во случај на кршење на забраната невакцинираните граѓани ќе можат да бидат казнети и парично до 1.450 евра.

Во Австрија вакцинирани се околу 65 проценти од граѓаните, а изминатите недели забележан е раст на новозаболени со ковид-19.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1