По неколкучасовна операција докторите на клиниката во Белград успеале да и ја спасат раката на ТВ водителката Деа Ѓурѓевиќ.
Водителката рано утрово доживеа страшна сообраќајна несреќа , во која автобус и ја скина раката. По неколку часа , докторите успеале да и ја спојат раката на Деа. Операцијата траела до попладнево во 14 часот.
Таа рано утрово имала полесна сообраќајна несреќа. Кога излегла од автомобилот , на неа се залетал автобус и и ја скинал раката .
Несреќата се случила во близина на болницата , а во неа учествувале два автобуса и три автомобила.